Уставен ја одложи расправата за Законот за помилување

На предлог на судијата Осман Кадриу, Уставниот суд со мнозинство гласови ја одложи точката за одлучување за нацрт-решението за поништувањето на помилувањата кои ги даде поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов.

Решението со кое се поведува постапка за Законот за помилување, како што рече Кадриу, има допирни точки со некои денешни предмети кои се на разгледување пред Уставниот суд.

„Судот е известен дека пред Парламентот се води постапка за автентично толкување на овие членови од Законот за помилување“, рече Кадриу.

SHARE