Претседателот на Собранието Талат Џафери верува дека финалната трета фаза од усвојувањето на уставните амандмани согласно Преспанскиот договор ќе заврши до 15 јануари.

Тоа, според Џафери , отвора можност Законот за ратификација на Договорот од Преспа да биде испратен во „Службен весник “ заедно со Законот за употреба на јазиците и без потпис на претседателот Ѓорѓе Иванов.

Џафери не сакаше да коментира зошто претседателот, Ѓорге Иванов не става потпис на законите и рече дека тој има обврска да го стори тоа зашто не може да се попречува волјата на Собранието.

„Тоа ќе се случи кога ќе ги пратам во Службен весник. Мој потпис има. Тоа е одлуката“ рече претседателот на Собранието.

SHARE

3 Коментари

  1. Навистина ова ги поминува сите граници, јас до сега верував во овие ама од сега не, ова се предавници. Гласав за Заев и имав надеж дека нешто ке се подобри ама се оди надолу во сите сектори. Срам да ви е зошто гласав и бев убеден во спротивности. Ја фрлив книшката од партија и од денес не сум ваш член повеќе.

  2. Прати ги и објави ги! Се надевам дека никој паметен нема да влезе во коалиција со вас со уцена да не се покренува одговорност како за хашките случаи па да лежиш.

Comments are closed.