Утеха од Макрадули: И во ЕУ дишат загаден воздух


Заменик-министерот за животна средина, Јани Макрадули ги теши скопјани дека и во Европа не е сјајен воздухот и дека и таму има загадување.

„И 90 отсто од граѓаните на земјите членки на ЕУ дишат загаден воздух. Во скопскиот регион, битолскиот и Тетовско, најголем загадувач е домашното затоплување. Не постои механизам да го земете воздухот и да го однесете некаде“, рече Макрадули на вчерашната дебата „Овој дом верува дека државата (не) презема соодветни мерки за справување со загадувањето“.

Макрадули рече дека Владата направила повеќе конкретни проекти за намалување на загадувањето:. Но, денес го нема Казандол и Еуромакс’, рече Макрадули.

SHARE