Утре гласање за доверба на владата на Макрон

Владата на Макрон утре се соочува со гласање за недоверба во парламентот по серијата насилни протести низ целата земја.

Кризата започна како демонстрација против даночната политика и планираното зголемување на данокот на гориво, но се претвори во пошироко незадоволство против претседателот Емануел Макрон.

Малкумина веруваат дека гласањето ќе успее имајќи предвид дека Движењето La République En Marche osnovano od Makron ужива силно мнозинство од  577 места во парламентот.

„Во францускиот политички систем исклучително тешко е да се отстрани Претседателот од функцијата“, велат познавачи на приликите. „Единствената политичка алатка достапна на опозицијата за протерување на Макрон е процедурата за импичмент за која никој во моментот не размислува“.

Макрон беше принуден да се повлече од намерата за големување на данокот на гориво, како дел од напорита за борба против климатските промени, сакајќи да ги убедат француските возачи да ги заменат дизел-автомобилите со модели кои помалку загадуваат.

Вообраќањето на нацијата во намера да ги смири протестите Макрон објави зголемување на платите за најсиромашните работници и намалување на даноците за пензионерите, што ќе ја зголеми јавната потрошувачка од 8 до 10 милијарди евра.

SHARE