Утре последен ден за пријавување во УЈП

Заклучно до 16,30 часот утре, граѓаните кои с’е уште не се регистрирале на системот за електронска даночна пријава ќе имаат можност да го сторат тоа.

Од УЈП велат дека оваа законска обврска не ја завршиле уште мал број даночни обврзници.

Не се знае дали ќе има пролонгирање на рокот за оние кои евентуално ни утре нема да можат да поднесат пријава.

Заклучно со петокот над 620 илјади даночни обврзници електронски се регистирале во електронскиот систем на УЈП, дознава Алсат М.

SHARE

Оставете Коментар