Ужас кај Лесковац: Најмалку тројца мртви во превртен македонски автобус

Автобус со македонски регистерски таблички утрово околу 15 до 02 часот излетал од автопат во близина на Лесковац при што загинале најмалку три лица а оовредени се 32 лица.

Полициски извори не исклучуваат дека можеби има патници и под автобусот , но тоа ке биде утврдено откако тој ќе биде подигнат.
Медицинските лица велат дека има патници и со сериозни скршеници на череп и дека тие биле извлечени со помош на пожарникари.

Во сообраќајната несреќа што се случи на автопатот во правец на Ниш животно загрозувачки повреди добиле уште три лица пренесуваат српски медиуми.

Вкупно во болницата во Лесковац се префлени 28 луѓе додека 4 лица се однесени во болницата во Ниш.

Крајна дестинација на автобусот според дел од патниците требало да биде Виена. Според нивните првични изјави автобусот влегол во снежна бура по што возачот загубил контрола, се излизгал од патот и се превртел.

Фото информер.рс

SHARE