„Како секоја слобода или право, и слободата на медиумите завршува таму каде што почнуваат правата на другите. Новинарите не смеат во ниту една ситуација бесправно да етикетираат, напаѓаат, омаловажуваат, навредуваат или клеветат кој било поединец.

 Новинарите не смеат да ги лишат читателите од своето право на точно и вистинито информирање. Слободата на медиумите значи слободно известување за вистината, во рамките на новинарската етика.

Слободата на медиумите никако не може да биде штит за манипулацијата, лажното информирање, клеветата, навредата“, вели Аидан Вајт, директор на Мрежата на новинарска етика (ЕЈН), која ја сочинуваат над 70 новинари, уредници, сопственици на медиуми и групи за поддршка на медиумите од целиот свет.

Според него, новинарството не е слободно изразување, туку претставува слобода на медиумите да се изразуваат слободно, но во една рамка на вредности, која се нарекува етика на новинарството.

„Новинарот мора да се воздржува. Новинарите не можат да си дозволуваат слобода на изразување. Тие го обликуваат своето изразување во рамки на новинарската етика.

Затоа, новинарите мора да си ги коригираат нивните грешки, и да се извинат кога прават грешки. Новинарите мора да ги почитуваат фактите. На новинарите не им е дозволено да пишуваат малициозни лаги. Мораат да покажат човечност, хуманост кон публиката, не смеат да промовираат говор на омраза, мораат да бидат непристрасни и да препознаат дали има и друга страна на приказната и така натаму…

Повеќе

SHARE