Ванхојте бара „забрана“ на ВМРО-ДПМНЕ!?

„Во многу земји, партиите како што е ВМРО-ДПМНЕ може да бидат ослободени од учество на избори се додека не го исчистат внатрешниот хаос. На партијата што во суштина не е демократска не треба да и биде дозволена да учествува во секој демократски процес“ вели Петер Ванкојте во интервју за порталот „Фактор“.

„Јас верувам дека ВМРО-ДПМНЕ и натаму има многу компетентни политичари кои би можеле да направат одлична работа како членови на една конзервативна партија. Навистина се надевам дека еден ден оваа партија ќе се врати на вистинскиот пат и навистина ќе се придржува до демократските вредности во рамките на партијата и надвор“вели поранешниот посредник на ЕУ во преговорите за пржинскиот договор.

Впрочем, ВМРО-ДПМНЕ не е подготвена за избори сè додека нема сериозни внатрешни реформи што ќе им овозможуваат на сите членови да се обединат зад платформа за демократска партија.

Вчера Ванкојте преку Фејсбук порача дека не требало да се оди на избори.

„Не трошете време и пари на предвремени избори, туку ангажирајте се во решавање на многуте проблеми во вашата земја. Работете да ја подобрите економијата, владеењето на правото, здравствениот систем, образованието, и не заборавајте: една изгубена битка не значи дека се е загубено,“ реагираше на Фејсбук Ванхојте.