Ванковска: Димитров бара пребројување, а никогаш не излегол на избори

Професорката Билјана Ванковска ја коментира пораката од министерот за надворешни работи Никола Димитров дека „’Рекет’, всушност, е раскрсница. Едниот пат води кон иднина, другиот пат кон бездна. Можеби дојде време да се преброиме“.

„Никола Димитров (повторно) си ги мие рацете од гревовите на сегашната влада, за која важи колективна одговорност, а не кој со кого (не) се сликал. И повторно во манихејски стил зборува за крстосница кон прогрес или бездна (иста финта како за референдумот!) и бара пребројување. Единствен демократски начин на пребројување се избори – избори на кои Димитров НИКОГАШ не излегол и не добил народен легитимитет! Неговиот е поврзан со тој на владата (кој е урнисан, меѓу другото и за начинот на кој нè пребројуваа и демонизираа пред една година). Секој друг начин на пребројување е закана“, му реплицира на шефот на дипломатијата преку Фејсбук професорката на скопскиот универзитет „Свети Кирил и Методиј“.

SHARE