Ванковска до Дескоски: Нема ништо вечно под Сонцето, го заболе светот за „Преспа“

Професорката Билјана Ванковска му реплицира на професорот по меѓународно право Тони Дескоски, според кој „новото име Северна Македонија ни е за навек“, па при каков било обид да се врати претходното државно име „целиот свет ќе ни се струполи на глава“.

„Нема ништо вечно под Сонцето, само толку! А и самиот знаеш дека има и правни, и политички можности за промена и на Уставот. ‘Преспа’ е фалична според Виенската конвенција. Она што криминално беше направено во Парламентот не обврзува никого, освен оние кои се директно засегнати. Го заболе светот за ‘Преспа’, колку што ги заболе што Грција ја прекрши Времената спогодба“, реагира Ванковска за предупредувањето од застапникот на Македонија во добиениот спор против Грција пред Меѓународниот суд во Хаг и сопруг на бившата министерка за правда Рената Дескоска.

SHARE