„И така, Македонски народ веќе нема да постои, туку поединци кои ќе одлучат во личната карта да им пишува Македонец/ка“ го коментира професорката Биљана Ванковска постигнатиот договор меѓу Беса и премиерот Зоран Заев што беше услов двајцата пратеници од Движење на Биљал Касами да обезбедат двотретитнско мнозинство за изгласување на уставните измени.

„Тоа е тоа што го сакаа и добија Грците. А онаа теза на Ципрас дека не’ спасува од Голема Албанија е голема иронија и цинизам на еден бивш левичар.

Ова што сега го добија како концесија Албанците, го прогнозирав во ТВ дебатата со Колозова кај Goran Momiroski.

Дури и без оваа фарса, тоа се подразбираше за оние кои знаат да го читаат Преспанскиот договор“, напиша професорката Ванковска на Фејсбук.

SHARE