Ванковска: Владата може да се преименува како сака, и онака за нас е нелегитимна

Професорката Билјана Ванковска на својот профил на Фејсбук реагира за бришењето на натписот „Влада на Република Македонија“ од зградата на „Илинденска 2“.

„Владата може да се преименува како сака – и онака не ја сметаме за легитимна! Ние не ги признаваме постапките преземени од неа и секој чин на наше преименување ќе го сметаме за насилство и кршење на човековите права. И да нè тетовирате, ние си остануваме Македонци во Република Македонија! А и вашето ќе помине уште малку…“, порача Ванковска.