Ванковска за Росоклија: “Алфа мажјак” со кариера направена со буквален извоз на мозоци

Јавен судир меѓу професорите Билјана Ванковска и Горазд Росоклија.

По нападот од Росоклија кој пишува за научната кариера на Ванковска, професорката со емотивен и директен одговор до професорот на Колумбија.

“Ги читам ова фалење на алфа мажјаков (кој се фали со цитати од Reseаrchgate и со авторство во трудови во кои е десетти член од групата, и кој кариера направи со буквален извоз на мозоци од скопската мртовечница за истражувања во САД, како „научна сировина“ од милата му Македонија), и ми доаѓа и да умрам од смеа и да малку тажничко: со мене ли најде да се мериш, Горазде?

Еве, шљам, беда академска, нула… Нема кој друг да те пофали?

Туку, ај измери се со Славко Богданов од Колумбија: 30 години помлад од тебе, а те прешишал во сите димензии – се’ до црните дупки и пулсарите во вселената! И си молчи и си работи (за Колумбија и за НАСА).

Се разбира, и ова што го пишува за мојата маленкост е чиста лага, која лесно се проверува, но ќе го оставам на ужива во својата замислена научна величина.

Единствениот врв кој го освоил е Монт Еверест, буквално – но, падот му од уште поголема височина, т.е. од врвови кои за вакви типови се незамисливи.

Ванковска има можеби скромна кариера, но многу подобра од мнозина кои работеле и во многу подобри услови за научно-истражувачка работа.

За разлика од великанов никогаш не се сум се продала – вклучително и кога ми нудеа членство на Одбор за акредитација во кој тој беше претседател. Затоа што името, моралот, образот и честа значат повеќе од функциите добиени од таква власт”, пишува Ванковска во обраќањето одговор до Росоклија.

Предходно Росоклија ги коментирал научните достигнувања на Ванковска навредувајќи ја и нарекувајќи ја шљам кој ја уништува иднината на младите луѓе во Македонија.

“Ванковска публикации 0, цитираност 0. Росоклија публикации 180+ , цитирани 4045 пати од светски научници. Ванковска не исполнува научен услов да е ментор на магистериуми, докторатите за нејзе се мислена именка, Росоклија 30 години професор и ментор на универзитетот Колумбија итн.

Треба на македонската јавност да и се разјасни, со конкретни бројки кои се академските и интелектуалните ,,авторитети” кои буквално ја уништија и ја уништуваат иднината на младите луѓе. Шљам кој запоседнал позиции на кои треба да се некои малку поразлични од нив луѓе”, ги цитира Ванковска зборовите кои ги напишал Росоклија на социјалните мрежи за неа.

SHARE