Ванковска за „северномакедонска кујна“: Мазохизам и безрбетност без преседан!

Професорката Билјана Ванковска со жесток коментар за „северномакедонската кујна“ претставена на саемот за храна во Берлин во организација на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство.

„Оваа северномакедонска кујна нема да ја пробам и да ми платат… Да ставиш заедно северномакедонско и традиција мора да си морон!

Баш утрово имав интервју со млад и симпатичен постдипломец Грк, кој магистрира во Гетеборг на спорот со името. Му зборував за тоа дека сега сме во фаза на создавање оази/бедеми/сфери во кои одбиваме да користиме Северна (како јас со студентите и трудовите). Овие, пак, сами се ребрендираат! Утре и пастрмајлијата или бакарданот ќе ги нудат како северни специјалитети… Мазохизам и безрбетност без преседан!“, реагира Ванковска.

SHARE