Европскиот првак Вардар го потврди „брејкот“ во Монпелје и со победата и над Порто од 32:27 во првиот натпревар дома сезонава во Лигата на шампионите во ракомет е осамен на врвот во групата Б.

Гостите од Португалија беа разбиени на почетокот од второто полувреме во салата „Јане Сандански“, откако првото го добија со 16:14, а водеа и со максимални 15:11.

Целосниот пресврт дојде по последното израмнување од ривалот на 19:19 во 35. минута, за десет минути подоцна македонскиот шампион да „избега“ на 28:21 и потоа без проблем да ја реализира предноста.

„Црвено-црните“, практично, му вратија со иста мерка на Порто, кој во првиот дел од контранапади и од уфрлања на 6 метри немилосрдно ги казнуваше грешките на домаќинот, кој во десетминутната фурија ја наполни противничката мрежа со лесни погодоци на празен гол поради инсистирањето на противникот да игра 7:6 во нападот.

Творец на пресвртот беше голманот Кугис, кој запиша десет одбрани, а во нападот се издвоија Чупиќ со 7/8 и Криштопанс со 7/12, кои ги следеа Шишкарев со 5/5 и Дибиров со 5/8.

По две одиграни кола Вардар води во групата со 4 бода, пред Кил со 3, а во следната рунда на 29 септември од 17 часот ќе му гостува на Мотор Запорожје

SHARE