Вардар и во вториот обид далеку од светската титула

Со поразот од 34:30 против Кил во полуфиналето на „Супер глоуб“, ракометарите на европскиот шампион Вардар и во вториот обид ќе останат без титулата светски клупски првак.

Наместо во посакуванито финале, „црвено-црните“ в сабота ќе играат за третото место против поразениот во вториот полуфинален дуел меѓу бранителот на трофејот Барселона и Ал Вехда.

Вардар личеше на себе во првите 22 минути, кога стигна до максимално водство од 14:11, по што му дозволи на противникот на одморот да замине со предност до 19:17.

Главен виновник за неуспехот на македонскиот првак беше голманот на „зебрите“ Никлас Ландин, кој забележа 12 одбрани и ги откажа вардарци по 20:22 во второто полувреме, кога Кил со серија од шест гола го реши мечот.

Данил Шишкарев со пет гола од седум обиди беше една од ретките светли точки во тимот на Давид Писонеро. Со ефект 5/10 завршија Тимур Дибиров и Иван Чупиќ.

SHARE