Со рутинската победа од 34:27 над Ал Мудхар од Саудиска Арабија, европскиот ракометен шампион Вардар му закажа на Кил пресметка за финалето на Светското клупско првенство денеска од 16:30 часот.

Последното четвртфинале на „Супсер глоуб“ во саудискиот град Дамам беше решено во 41. минута, кога „црвено-црните“ првпат стигнаа до двоцифрена предност (27:17).

За кршењето на отпорот на противникот придонесоа голманот Артурс Кугис со осум одбрани, со успешност од 40 проценти о првото полувреме, кое македонскиот првак го доби со 17:12, а во нападот Тимур Дибиров со седум гола, како и Иван Чупиќ и Кристијан Дисингер со по пет.

„Зебрите“ од Кил за дуелот со вардарци се изборија со победата над египетски Замалек од 32:28, а претходно славеа и над Универзитет Сиднеј од 41:27.

SHARE