Вардар носител во ждрепката за Лигата на шампионите

Бранителот на европската круна Вардар ќе биде носител во ждрепката за групната фаза од ракометната Лига на шампионите на 1 јули, заедно со Пари Сен Жермен, Веспрем и Барселона.

Од вториот сад ќе бидат извлечени Кил, Кјељце, Олборг и Порто, од третиот Мешков Брест, Мотор, Нант и Пик Сегед и од четвртиот Целје, Загреб, Елверум и Флензбург.

Учесниците во изменетото издание на ЛШ наесен ќе бидат поделени во две групи по осум тима, кои ќе играат по принципот секој со секого. Двете првопласирани екипи од двете групи директно одат во четвртфиналето, а тие од третото до шестото место ќе разигруваат за уште четири места меѓу осумте најдобри.

SHARE