Со триумфот од 32:30 во Кристијанстад во претпоследното коло, ракометарите на Вардар го обезбедија третото место во групата А од Лигата на шампионите и останаа во трката за втората позиција.

Европскиот првак од 2017 година ќе биде втор најмалку до утре и дуелот Веспрем – Мешков Брест, со еден бод предност во однос на Унгарците.

Данил Шишкарев пет секунди до крајот стави крај на неизвесноста во средбата во Шведска, во која домаќинот на полувреме водеше со 17:16.

Даинис Криштопанс со осум гола од 11 обиди беше најзаслужен за новиот триумф над стариот „муштерија“ Кристијанстад, во кој Шишкарев оствари ефект 5/8, Стас Скубе 4/7 итн.

Во последниот круг на 2 март во Скопје ќе гостува бранителот на европската круна Монпелје.

SHARE

Оставете Коментар