Катастрофалното прво полувреме, кое му припадна на Кил со 16:4, го чинеше Вардар пораз во Скопје од 31:20 во четвртото коло од групата Б во ракометната Лига на шампионите.

Цели 11 минути чекаа „црвено-црните“ за својот прв гол во мечот, во првите 30 минути не реализираа ни два седмерца, а гостинскиот голман Ландин дополнително им отежна со 10 одбрани.

Комплетно поинаква слика на теренот во арената „Јане Сандански“ во вториот дел, кога 11 минути пред крајот европскиот првак се доближи до 18:23, при што голманот Гедбан погоди два пати од гол на гол, но Германците не дозволија сензационален пресврт.

Дибиров со пет погодоци беше најефикасен кај македонскиот шампион, еден помалку постигна Криштопанс, а Шишкарев застана на три во римечот на меѓусебната пресметка на „Супер глоуб“ на 29 август, кога исто така славеа Германците.

Победата на „зебрите“ од Кил во директниот дуел со досегашниот лидер во групата ги искачи на врвот на табелата со 7 бода, еден повеќе од Вардар.

Во следното коло на 19 октомври тимот на Писонеро ќе му гостува на Веспрем.

SHARE