Стариот ривал ППД Загреб е противникот на Вардар во осминафиналето од ракометната Лига на шампиони и домаќин на првиот натпревар на 23 април од 20:30 часот, а реваншот е една недела подоцна во Скопје.

Ова е епилогот од последното коло во групата Б, во кое загрепчани ремизираа 26:26 кај ПИК Сегед и останаа шести, не искористувајќи го поразот на Мешков Брест од 31:25 кај Пари Сен Жермен.

Двата поранешни клупски прваци на Европа се сретнаа минатата среда во СЦ „Јане Сандански“ во дербито на СЕХА-лига, кое го доби македонскиот шампион со 28:26.

SHARE

Оставете Коментар