Вардар со Веспрем и во групата од Лигата на шампионите

Римеч на финалето во ракометната Лига на шампионите меѓу европскиот првак Вардар и вицепампионот Веспрем ќе донесе групата Б во новата сезона од елитното клупско натпреварување.

Покрај лутиот ривал од Унгарија, противници на европскиот, регионален и македонски шампион ќе му бидат и поранешните освојувачи на ЛШ, Кил, Монпелје и Кјељце, како и Мешков Брест, Мотор Запорожје и Порто.

Денешната ждрепка во групата А ги смести Пари Сен Жермен, Барселона, Флензбург, Олборг, ПИК Сегед, ППД Загреб, Елверум и Целје.

Другиот македонски претставник во ЛШ во новата сезона, дебитантот Еурофарм Работник, ќе игра во групата Ц против Савехоф, Татран Прешов, Рихимаки Кокс, Бидасоа и Спортинг.

SHARE