Одговарајќи на новинарско прашање во врска со поранешпниот премиер Никола Груевски, еврокомесарот Оливер Вархеји вели дека рече дека ЕУ нема што многу да каже за враќањето на Груевски и дека тоа прашање треба да се упати до унгарските власти.

„Не мислам дека Комисијата ја има поставено оваа цел, дека целта на реформите во судството во Македонија е да се врати поранешниот премиер Никола Груевски од земја членка на Европската Унија. Се работи за национална способност“, рече Вархеји денеска во Скопје одговарајќи на новинарско прашање.

Новиот комесар за соседство и проширување на ЕУ, Оливер Вархељ е Унгарец, искусен дипломат, кој важи за човек близок до унгарскиот премиер Виктор Орбан.

Тој е редовен претставник на Унгарија во ЕУ во изминатите 25 години, а работеше и на приклучувањето на Унгарија во ЕУ.

SHARE