Еврокомесарот за соседска политика и проширување Оливер Вархеји денеска во Тирана изјави дека го цени напредокот на Албанија и рече дека побарал помош за земјата од 28 милиони евра.

„Ви соопштувам уште една добра вест, со оглед на добрата работа што ја направи Албанија. Од претпристапните фондови, ние сме во можност да ви дадеме 28 милиони евра. Ние предлогот го испративме до ЕП и верувам дека се ќе заврши многу скоро“, рече еврокомесарот по денешната средба со премиерот Еди Рама.

Вчера во Скопје, пак, еврокомесарот најави дека побарал од Европскиот парламент како награда за постигнатото на Северна Македонија да и се обезбедат фондови во износ од 50 милиони евра.

SHARE