„Што имав да кажам, ѝ го кажав лично на министерката“, изјавил Костас Вароцос авторот на познатата скулптура „Тркачот“ која министерката за култура и спорт на Грција предложила да биде разменета со „Воинот на коњ“ од Скопје.

Министерката Мирсини Зорба  ја дала идејата во контекст на Преспанскиот договор, а средбата со меѓународно признатиот скулптор се случила пред неколку дена, но таа сега негира.

Вароцос вели дека е шокиран од министерката:

„Она што ме шокираше е дека г-ѓа Зорба се обиде да ја одрече од нашата средба на која беа присутни и други уметници кои ќе ја претставуваат земјата на Венециското биенале“, вели авторот на скулптурата „Тркачпот“.

„Госпоѓа Зорба во разговорот ја спомена идејата „Тркачот“ да се пренесе во Скопје. Ѝ одговорив дека „Тркачот“ не може да замине од Атина од многу причини. Освен тоа што скулптурата ѝ припаѓа на општина Атина јас ги имам авторските права. И не е само оваа причина. Министерката го демантира предлогот што ми го достави“, вели Костас Вароцос во изјава за грчката новинска агенција АНА-МПА.

„За среќа, јас сум жив и ќе заштитувам ‘Tркачот’, но се плашам дека други статуи на Атина, како Колокотронис пред стариот парламент, ќе плати за тоа“, изјави тој, исто така, рече.

За сребата со министерката Зорба и за нејзиното негирање дека дала таков предлог, Вароцос во изјава за ANT1 вели:

„Тоа ја навредува мојата ментална рамнотежа и мојот етос”.

Вароцос се пожалил дека министерката за култура во два наврати го засрамила. Првиот пат кога го дала предлогот и вториот пат кога негирала дека дала таков предлог.

In.gr  потсетува дека не може да има било каква размена без одобрение на уметникот.