Вебер го „искара“ Ципрас за Венецуела

Шефот на конзервативната европска народна партија Манфред Вебер,  „го искара“ Алексис Ципрас за поддршката на Николас Мадуро, претседателот на Венецуела.

„Грчката Влада на чело со Ципрас мора да одговори на прашањето зошто ги блокира иницијативите на европско ниво за поддршка на силите во Венецуела, кои се борат за демократска Венецуела“ истакна Вебер кој нафрли дека грчката влада „повеќе контакти со Владимир Путин и Мадуро, отколку со слободниот свет на демократските земји“.

На средбата со Киријакос Мицотакис  лидерот на „Нова демократија“, Вебер, кој е кандидат за шеф на Европската комисија  го критикувал грчкиот премиер бидејќи, како што вели, „ја блокира заедничката европска надворешна политика”.

И Румен Радев, претседателот на Бугарија и порача на бугарска влада да не го следи примерот на некои земји членки за поддршка на Гуаидо, привремениот претседател на Венецуела.

Италија пак, на неформалниот состанок на шефовите на дипломатиите на државите членки на ЕУ, што се одржа на 31 јануари во Букурешт стави вето на одлуката која требаше да го обедини ставот на сите европски земји за признавање на Хуан Гуаидо за Претседател.

SHARE

Оставете Коментар