Веќе 15 дена штрајк во хрватските школи

68.000 вработени во основни и средни училишта во Хрватска штрајкуваат веќе 15 дена, а најевено е дека на штрајкувачите ќе им се приклучат и други просветни работници во државата.

Шефот на Независниот сојуз на вработени во хрватските средни училишта Бранимир Михалинец утрово најави дека штрајкот ќе продолжи се додека нивните барања не бидат целосно исполнети.

Причина за штрајкот се ниските плати на вработените во образовниот систем, каде што платите на наставници-почетници се 3.100 куни (25.600 ден).

SHARE