Горан Пандев продолжи таму каде што застана минатата сезона, погодувајќи и на стартот од италијанската Серија А против повратникот Кротоне, кој Џенова го декласира на свој терен со 4:1.

Капитенот на фудбалската репрезентација на Македонија зголеми на 2:0 во 9. минута, лобувајќи го голманот Алекс Кордаз на крајот од контранападот на Џенова почнат од својата половина.

За најдобриот македонски фудбалер, кој и на 37 години е страв и трепет за противничките чувари на мрежата, ова е 95. погодок во 445. настап во италијанската фудбалска елита.

SHARE