Величковски: Моментално од Влада има само зграда на „Илинденска“


„…колку повеќе членството во НАТО се пролонгира поради „техникалии“, станува сѐ појасно дека зад нив има многу други причини.

На пример дека никому баш и не му се брза токму Заев и неговата Влада да бидат предизборно „брендирани“ како „внесувачи на Македонија во НАТО“, пишува Ивон Величковски во колумна за МКД.Мк.

„Впрочем, на месеципол до техничката… моментално од Влада има само зграда на „Илинденска“. Меѓукоалициските односи се нефункционални и пред, а особено по неуспехот на политиката „име за датум за преговори“ – и пред и зад камерите, од локалната самоуправа до владините институции. И партнерите на Заев од неговата коалиција се далеку помолчаливи кон СДСМ и попретпазливи кон ВМРО-ДПМНЕ.

Особено откако стана јасно дека новиот изборен модел го саботира самиот Заев кој, наместо на почеток од мандатот, дури сега „би го менувал ама не му даваат“.

И ги држи партнерите до него, потонувајќи ги со себе“ пишува Величковски.

SHARE