На поранешните министри за транспорт и за образование Миле Јанакиески и Спиро Ристоски, кои вчера доцна попладне беа приведени како дел од организаторите за настаните од 27 април во Собранието, им е определен притвор.

Синоќа беше приведен и поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски, но тој не доби притвор зашто има пратенички имунитет.

Основното јавно обвинителство за гонење на организиран криминал соопшти дека е поведена постапка против петмина осомничени за случувањата од 27 април,меѓу кои и поранешниот премиер Никола Груевски и поранешниот вработен во УБК, Никола Бошкоски.

Дел од лицата кои ги бара обвинителството беа посочени во сведочењето на Александар Василевски-Нинџа кој еден од обвинетите пред судот, пишува РСЕ.

SHARE