Поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељановски кој попладнево беше приведен за настаните од 27 април, го го напушти Судот каде дал исказ дека не е бил организатор на насилниот упад во Собранието.

„10 години сум бил претседател на Собранието, каков организатор, срамота“ рече Вељановски.

На новинарско прашање дали чувствува вина за настаните од 27 април и упадот во Собранието тој одговори : „Не“.

Обвинителството за организиран криминал бара притвор за Вељановски и за уште 4 лица, меѓу кои . поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски кои исто така беа приведени.

SHARE