Вендел Пирс одушевен од Атиџе од „Медена земја“: Господ да ја благослови

Американскиот актер Вендел Пирс, познат по драмите на каналот Ејч-Би-Оу (HBO), ги сподели на Твитер своите впечатоци од средбата со Атиџе од македонскиот документарец „Медена земја“ со две номинации за Оскар.

„Атиџе Муратова е ѕвездата на ‘Медена земја’. Само што ја сретнав на забавата на наградите. Таа целосно го заслужува вниманието што го добива. Ослободување. Во оваа точка од нејзиниот живот таа е слободна. Господ да ја благослови. Награда за грижата што ѝ ја даде на нејзината мајка. @HoneylandDoc“, твитна Пирс.