Венецијанска комисија контра Владата: Законот за јазици ќе го урне правосудниот систем

Според мислењето на Венецијанската комисија, во одредени области Законот за јазиците оди премногу далеку, наметнувајќи нереални правни обврски на јавните институции. Ова е особено случајот со одредбите со кои се предвидува употреба на албанскиот јазик во судските постапки, кои се формулирани на толку широк начин што сигурно би барале повеќегодишна подготовка да биде целосно спроведена.

Ова се дел од оценките во нацртот на Заклучоците на Венецијанската комисија, што официјално ќе се објават на 17 октомври, објавува вечерва порталот Плусинфо.

Нацртот е подготвен на 27 септември годинава и Плусинфо поседува копија од овој документ.

Што друго содржи документот на овој линк

SHARE