Венецуела го напушта американскиот долар, а сите идни трансакции на девизниот пазар ќе бидат во евра.

Санкциите воведени неодамна од Вашингтон против Каракас ја блокираа можноста за продолжување на трговијата со американскиот долар на венецуелскиот девизен пазар.

Американската “финансиска блокада” на Венецуела влијае и на јавниот и на приватниот сектор во земјата, вклучувајќи ја и фармацијата и земјоделството, и покажува „до каже може да оди империјализмот во своето лудило“, рече заменик-претседателот за економија Тарек Ел Аисами.

Владата ќе продаде 2 милијарди евра помеѓу ноември и декември за да и дозволи на јавноста да се снабди со европската валута.

Вашингтон не ги крие намерите да го отстрани од власт социјалистичкиот претседател на Венецуела Николас Мадуро, кого го обвинува за остри мерки против опозицијата на земјата.

Минатата година, САД воведоа санкции со кои се забранува тргување со владата на Венецуела и со државната нафтена компанија PDVSA.

Притисокот на САД доведе до тешка социјална и економска криза – хиперинфлација, девалвација на националната валута и недостиг на основни продукти поради што 2.3 милиони луѓе беа принудени да ја напуштат земјата барајќи спас во Колумбија, Еквадор, Перу и Бразил.

SHARE