Венко Филипче: Од аплаузи до жестоки критики од граѓаните (ЛИНК)

Човекот за кого на почетокот на кризата од активисти на СДСМ беа организирани јавни масовни аплаузи се соочува со жестоки критики од граѓаните, дури и од членови на неговата партија кои до скоро го обожуваа.

Причината за промената на ставот кон министерот Филипче не лежи само во неговата “утка” за максимални 2000 заболени или во менувањето на неговите ставови.

“Автобуси преполни и спори, пошо реновира другар ти 17 улици… кафани препуни на дистанца од минус 2 метра, у дискотеки и кафичи се потепаа од лапање… инспектори по паркови само шетаат пензионери бркаат… делите ваучери за шлапање у охридско…. отварате граници јер сити мол ќе пропадне…. збори ми пак како граѓаните се криви министре”, реагира еден граѓанин на алузиите дека граѓаните се виновни за состојбите.

“Со цело должно поштовање министре ама врска немате. Рестрикции во јавен превоз??? Па тој е со рестрикции месеци наназад и поради тоа заболени има еден тон. Престанете да ги кривите граѓаните. Владата е таа што делеше ваучери, владата е таа што не успеа да воведе ред на журките, владата е таа што набута 300 луѓе во еден автобус да се возат по два саати од ново Лисиче до Ѓорче зошто сеа ги текна сите улици да ги правите. Владата е таа што е неспособна, а не народот”, му пишува една граѓанка на Филипче.

“Кога беше Наќе министер, Наќе беше крив за неодговорноста на граѓаните. Кафиќите и клубовите што работеа неодговорно неодамна беа блиски до власта. Што им се случи? Ништо. А сега Оливер не се спомнува”, регира друг граѓанин.

Ако ги читате коментарите во неговиот пост на Фејсбук ќе видите дека граѓаните се разочарани и изневерени и од многу други работи за кои одговорен е министерот Филипче.

https://www.facebook.com/1819203381720020/posts/2521150621525289/

А на почетокот на кризата се беше поинаку. За Филипче се отвараа Фејсбук страници во кои тој беше херој.

https://www.facebook.com/Podrska-za-Venko-Filipce-i-Medicinski-personal-na-Makedonija-102199788240969/