„Вери јуропиан мистер министер“: Вицепремиерот не сака „тагирање“

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи не издржа и го отстрани “тагот” за него што на социјалната мрежа Фејсбук го постави портпаролот на опозицијата Наум Стоилковски.

Откако вицепремиерот ја исклучи ознаката со неговото име со која сите пријатели можеа да го видат коментарот на Стоилковски портпаролот напиша: Bujar Osmani го тргаш тагот? Вери Јуропиан мистер министер, вери Јуропиан…”, на што Османи не изреагира.

Откако Османи објави дека ако Македонците се однесувале еднонасочно и го блокираат Законот за јазиците ќе се вратиме пред 2001 година, Стоилковски реагираше со свој коментар.

” А бе Bujar Osmani за тебе единствено сигурно еднонасочно е твоето летање од власт заради оваа фотографија (види погоре) .
Инсталација: Лагата од министер за евроинтеграции за добиен датум”, напиша Стоилковски тагирајќи го Османи.

SHARE