Верижна реакција: Избришаниот Твит на академикот што стана “трендинг”

Твитот поради кој провладините новинари, невладини активисти и медиуми под контрола на СДСМ ја нападнаа академик Катица Ќулавкова за наводен говор на омраза стана “трендинг” односно масовно се реобјавуваа на социјалните мрежи.

Твитот од седум зборови “Цената на соживотот ја плаќаме со живот” иако избришан од Твитер сепак се уште живее на социјалните мрежи.

Сега тој се реобјавува како израз на поддршка на професорката и академик Ќулавкова која е цел на напади од луѓе блиски на СДСМ, кои според многумина, со нападот врз писателката сакаат да ја дефокусираат јавноста од реалните проблеми и кризата во која се наоѓа власта.

Втората причина за нападот врз Ќулавкова се нејзините критики за позициите на актуелните власти за договорите со Грција и Бугарија и менувањето на уставното име.

Третата причина за жестокиот напад врз академикот е нејзината активност во МАНУ каде деновиве во финална фаза влегува документ на кој работатат десетина врвни домашни и странски експерти.

Ова научно дело кое наскоро ќе биде објавено пред јавноста се очекува целосно да ги урне позициите на СДСМ и екс лидерот Заев кој најави дека ако победи на избори целосно ќе го спроведе договорот со Бугарија.

Предходно Бугарија официјално побара укинување на македонскиот јазик и воведување на “јазик на Република Северна Македонија”.

Досега во знак на поддршка илјадници луѓе го реобјавија твитот на академик Ќулавкова.

Верижната реакција со поддршка за Ќулавкова на твитот подолу