Веселиот Јункер со нов гаф, на самитот “галеше” жена по коса

Претседателот на Европската комисија Жан Клод Јункер повторно направи гаф и беше во центар на вниманието во Брисел за време на пристигнувањето на самитот на лидерите на земјите членки на Европската унија.

Јункер пред камерите погали по коса припадничка на протоколот на ЕУ која на влезот во седиштето на Европската комисија во Брисел ги пречекуваше европските лидери.

Минатиот месец Јункер се појави со различни кондури на настан на ЕУ.

Предходно беше обвинет дека бил пијан во јавност а имаше уште неколку сериозни гафови во јавноста.