По Кил, уште едно катастрофално издание на ракометарите на Вардар во Лигата на шампионите, овој пат во Веспрем, каде што загубија со 39:30 во римечот од финалето во минатата сезона.

Вториот висок пораз едноподруго го најави мизерното прво полувреме, во кое европскиот шампион прими дури 21 гол, а постигна 17.

Во почетокот на вториот дел „црвено-црните“ се доближија до 16:14 и тука застанаа, дозволувајќи им на Унгарците до врв да ја наполнат мрежата на вардаровото голманско трио, во кое шанса доби и Кизиќ.

Колку беше срамно прикажаното од вардарци во дебито на Кокшаров на клупата покажува и црвениот картон за капитенот Стоилов, кој не влезе во игра, но не можеше да ги поднесе случувањата на теренот.

Дибиров со осум гола, Дисингер со пет и Пелко со четири беа ретките светли точки во расштимуваниот оркестар на Вардар, кој му дозволи на домаќинот да реализира дури 80 проценти од ударите кон голот.

SHARE