Облачно со повремени врнежи од снег, претежно со слаб интензитет предвидуваѝат метеоролозите.

Ќе дува засилен ветер, а на повеќе места и до 80 км/час.

Во текот на денот ќе продолжи да дува умерен до засилен северен и североисточен ветер. Кон крајот на денот облачноста почнувајќи од север ќе се намалува. Максималната температура ќе достигне од -5 до 2 степена.

Поради врнежи од снег и засилен ветар воведена е забрана за движење на тешки товарни возила на патнит правец Маврово-Дебар, Битола-Ресен преку планинскиот премин Ѓавато, Гостивар-Kичево преку планинскиот премин Стражa и патниот правец Паланка-граничен премин Девебаир, информираат од „Македонија пат“.

Снег провејува скоро на цела територија, а сообраќајот на патиштата се одвива по претежно влажни коловози.

SHARE