Заев ја обвини Бугарија дека го прекршила договорот за пријателство

Премиерот Зоран Заев ја обвини владата во Софија дека го прекршила членот 2 од договорот за добрососедство потпишан пред 3 години.

Член 2

1. Двете Договорни страни ќе соработуваат во рамките на Обединетите нации, Организацијата за безбедност и соработка во Европа, Советот на Европа и други меѓународни организации и форуми.

2. Двете Договорни страни ќе ја развиваат соработката помеѓу себе во областа на европската и евроатлантската интеграција, насочена кон успешна подготовка на Република Македонија за нејзиното пристапување кон Европската Унија и НАТО. Бугарската страна ќе го сподели своето искуство со цел да и помогне на Република Македонија да ги исполни неопходните критериуми за членство во Европската Унија и ќе ја поддржи Република Македонија за добивање на покана за членство во НАТО согласно соодветните одлуки од средбите на врвот на НАТО.

Во изјавата за медиумите Заев откри дека добил информаци од Брисел дека Бугарија ги блокира почетокот на преговорите за влез во ЕУ.

Според премиерот Бугарија со блокадата извршила непријателски акт кон Македонија.