Вевчански сеќавања за Македонците во Пирин кога ги пишале Бугари

Алимпие Калајџиески од Вевчани, кој бил учител во селото Микрево (Пиринска Македонија), на Иван Глигоровски му пренесува еден интересен настан, за кој му раскажувале селаните од селото Крушица.

„Во 1946 година, кога се одржувал плебисцитот во Бугарија, дошле некои службеници од Горна Џумаја, не ги нашле луѓето в село. Во канцеларијата седнале и направиле списоци и ги напишале сите жители дека се Бугари. Пандурот (селскиот падар) го забележал тоа и ги викнал луѓето: Еј, браќа, собирајте се, сите ве запишаа како Бугари!? А луѓето од Крушица излегле на крај од селото, ги пречекале службениците и физички се пресметале со нив, ги скинале списоците, а потоа сами направиле нови списоци и се запишале како Македонци…
Потоа делегација од 10 селани ги однела списоците на жителите од селото Крушица во Горна Џумаја…
Оваа случка селаните од Крушица со гордост и голема возбуда ми ја раскажуваа, велејќи ми: Еве, даскале, како се бориме и ние за Македонија…“, раскажува Калајџиески, кој вели дека децата ги прифатиле македонските учители со големо воодушевување.

Фејсбук статус на Ѓорѓи Влајнкиновски од Вевчани

SHARE