Вице Заев: Објавените снимки се рекла-казала лаги

Братот на лидерот на СДСМ Зоран Заев, вели дека денеска објавените разговори на Јутјуб каналотсе лаги од трети лица кои нема да ги попречат да даваат плати и да плаќаат даноци.

„Објавените рекла-казала лаги од трети лица нема да ги попречат Заеви да даваат плати и да плаќаат даноци. Целосно ги отфрлам како лаги и манипулации објавените рекла-казала муабети во кои трети лица го спомнуваат моето име. Тоа се очајни лаги произлезени од фејкњуз подрумите на опозицијата.

Заеви се чесни и вредни Македонци. Режимските инсталации нема да не спречат да продолжиме да даваме плати, да плаќаме даноци и да ги помагаме македонските граѓани“, посочува Вице Заев во допис до МИА.