Вицепремиерот го најави владиното сценарио за референдумот

Вицепремиерот за евроинтеграции Бујар Османи на Топ тема на Телма најави дека бојкотот на референдумот е добитна комбинација за владата.

Според неговите аматерски сфаќања на законот за референдум, уставот и другите закони, ако нема цензус референдумот ќе биде заборавен а Владата ќе може да носи сама одлуки за името и договорот со Грција.

Османи сега откако стана јасно дека ќе нема 900 илјади гласачи за договорот со Грција тврди дека референдумот ќе биде задолжителен само ако е успешен односно ако биде постигнат цензус од 50 проценти од гласачите плус 1.

Ако се бојкотира, нема да предизвика правни последици. Тогаш ќе одлучува Владата. Само ако граѓаните се изјаснат, т.е. дa се знае дали се “за” или “против”, референдумот ќе се смета за успешен, ни порачува Османи кој по професија е лекар а го води ресорот евроинтеграции.