Боки 13: Во понеделник ќе ве ослободат
Орце: Добро
Бојан 13: Вторник, најкасно, веројатно.Врховен ќе ве ослободи.

Ова е дел од комуникацијата на првообвинетоот во „Рекет“, Бојан Јовановски со бизнисменот Орце Камчев за која беа презентирани видеоснимки на денешното рочиште на „Рекет“.

Боки 13 во детали му ги објаснува на Камчев чекорите како ќе постапи СЈО на Катица Јанева во врска со случајот „Империја“.

Орце: Врховен, не може да дојде до врховен до понеделник
Боки 13: Да, тогаш ќе дојде. Нема да употреби СЈО вонредни правни лекови, нема ништо да употреби
Орце: А, Апелација?!
Боки 13: Па, Апелација ќе ве одбие. Вие се жалите во Апелација, да бидете спремни. Врховен се жалите, како втор спремен. Начелното правно мислење  и советот се повикува автоматски. Нема да употреби Катица никакви вонредни правни лекови да го продужува, да го одолговлекува, понеделник- вторник, вие сте на слобода.

Повеќе на „Фокус.мк“

SHARE