Викенд без ДДВ само за оние кои скенираат сметки

Викендите без ДДВ, кои Владата ги најави како мерка за помош на економијата и граѓаните, ќе се воведат штом стивне епидемијата, кон крајот на август или почетокот на септември.

Но, право да ја користат оваа мерка ќе имаат граѓаните што ја користат апликацијата „Мој ДДВ“, информира советникот на претседателот на Владата, Фатмир Битиќи.

 „ Само корисниците на апликацијата ‘Мој ДДВ’ ќе можат да учествуваат во нејзе и само продуктите кој единствено тој ден ќе се продадат и ќе имаат фискална сметка влегуваат во овој пакет на викенд без ДДВ“, изјави Битиќи.

SHARE