Министерот за економија Крешник Бектеши и директорот на Агенцијата за храна и ветеринарство Зоран Атанасов во понеделник ќе се сретнат и дури по таа средба ќе се знаат конкретните чекори што ќе ги преземе земјава по воведувањето забрана за увоз на компир и мед Македонија во Косово.

Косово мерката ја објасни као „реципрочна“ за воведувањето забрана за увоз на рибен подмладок и икра од Косово.

На новинарско прашање дали е на повидок „трговска војна“ со Косово, министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Трајан Димковски рече дека „експлицитна забрана за увоз од Косово“ и додаде дека во земјава може да се увезува свежа косовска риба, но не и рибен подмладок и икра поради фактот што не спроведуваат мониторинг.

-По состанокот в понеделник ќе биде јасно што ќе преземеме. рече Димковски.

Според него, од Македонија во Косово годишно се извезуваат од 40 до 1.000 тони компири, а извозот на мед е во вредонст од околу 400.000 евра годишно.

Косово од минатата година воведе 1000 процентни царфини за увоз на производи од Србија и од Босна и Херцеговина.

SHARE