Викенд-полициски час со – пауза

Полицискиот час за викендов започнува вечерва во 19 часот и ќе трае до 05 часот утре.

Ќе следува пауза од шест часа па потоа рестрикција за движење на граѓаните, ќе има од утре (недела) во 11 часот, до вторник до 05.00 часот.

Ваква одлука донесе Владата на вчерашната седница.

Претходно Комисијата за заразни болести до Владата предложи овој викенд полицискиот час да трае од сабота од 19:00 часот до вторник до 05:00 часот.

Од Исламска верска заедница ја поздравија ваквата одлука со оглед на верскиот празник Рамазан Бајрам.

SHARE