Вилма Русковска ќе ја замени Катица Јанева!?

Специјалното јавно обвинителство на Катица Јанева да се интегрира во досегашното Јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, предвидува новиот текст на законот за обвинителство кој идната недела ќе се најде пред пратениците.  

Новото СЈО ќе се преименува во ЈО за гонење организиран криминал и висока корупција со надлежност на цела теритоија на земјата и гаранции за самостојно дејстување,о бјави денеска прремиерот Зоран Заев на прес конференција.

Сите обвинители од СЈО ќе продолжат да работат во ова ново обвинителство. Нивниот мандат истекува на 15 септември, а тие имаат право на реизбор, ако сакаат да се кандидираат.

„На чело на новото СЈО е предложена Вилма Рускоска, која во моментов го води Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција“ изјави денеска Заев.