Телекомунициската компанија Оне-ВИП, членка на Групацијата А1 Телеком Австрија од денеска и официјално го промени името во А1 Македонија, без придавката Северна, а брендот „Вип“, е заменет со „А1“.

Од фирмата најавуваат дека со промената на името и брендот, подготвени се за 5Г технологијата, модерна оптичка инфраструктура и мобилна мрежа од новата генерација.

„Нашата визија како А1 е да бидеме партнер во дигитализацијата на македонското опшество, да го потикнеме дигиталниот начин на живеење и да бидеме водич за нашите корисници во оваа наша дигитална ера на нови технологии“, вели Мислав Галер, извршен директор на А1 Македонија.

Од компанијата соопштуваат дека и покрај промената на името, сите претходни стекнати права и обврски на корисниците остануваат непроменети, а за корисниците предвидуваат и изненадувања.

„ Групацијата A1 Телеком работи во Централна и Источна Европа и обезбедува мобилни и фиксни телекомуникациски услуги за околу 24 милиони корисници.

SHARE